Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

Зошто Интернет-пиратеријата во Русија сè уште цвета

0

„Се обидовме да се бориме против пиратството на Интернет, но пиратеријата, за жал, победи“, напиша на Фејсбук наследникот на познатите советски писатели Андреј Стругацки и додаде дека е „целосно невозможно“ да се победи огромниот број незаконски ресурси.

Две третини од Русите велат дека гледањето и симнувањето пиратска содржина е легално, се гледа од анкетата на компанијата за производство на програмското обезбедување „Ирдето“ (Irdeto). Повеќе од половината од испитаниците признаваат дека активно уживаат во пиратска содржина.

Мнозинството членови на рускиот Интернет го паметат времето кога речиси секој филм беше достапен за гледање на популарната социјална мрежа VK.com, а електронските книги можеа да се симнат бесплатно во секоја онлајн библиотека. Сега VK зема такса од меломаните, не пушта најнови филмови, а неколку видеостриминг сервери даваат добри комерцијални резултати. Еден од овие најпопуларните сервери е Амедиатека. Неодамна тој забележа зголемување на приходите за 112% односно 600 милиони рубли (10.6 милиони американски долари). Само што во Русија сè уште е многу лесно да се симне бесплатно и нелегално филм или музичко парче.

АРХИВА: Повеќето корисници на Интернет во Русија не се подготвени за законот за заштита на интелектуалната сопственост

Пресвртницата во борбата против Интернет-пиратеријата во Русија настапува во 2013 година, кога се појавува „антипиратскиот закон“. Со него е дозволено да се блокираат сајтови по барање на носителот на правата. При првата редакција законот санкционираше само прикачување на мрежата на видеопродукцијата и не предвидуваше казна за корисниците. Сепак тој предизвика бурен протест меѓу општеството и беше наречен „Закон против Интернет“.

Петиција за слободен Интернет

Во заштита на интересите на револтираните потрошувачи застанаа проектот „Роскомсвобода“ (името претставува спротивставеност на службата за надзор врз информатичката технологија „Роскомнадзор“) и Пиратската партија на Русија. Заедно со Здружението на корисниците на Интернет тие објавија петиција против законот и барање тој да биде повлечен. Документот е критикуван и поради недостатокот на јасни формулации поради кои можат да настрадаат совесни ресурси, и поради ограничувањето на слободното ширење на информации.

„Ние сме против случаите во кои со помош на репресивната машинерија на државата некој почнува да затвора сајтови на кои луѓето со години правеле избор и превод на филмови, често подобри од комерцијалните преводи кои ги нудат носителите на правата“, изјави претседателот на Пиратската партија на Русија Павел Расудов.

Тој додаде дека законот ги штити интересите на носителите на правата, кои по правило ја купуваат содржината, а не авторите на делата. За авторите ширењето на содржината е дополнителна реклама, а приходите доаѓаат од концертите во живо и проекции во кината, тврди Пиратската партија.

Недостатокот на желба кај корисниците да плаќаат Павел ја објаснува со тоа дека често носителите на правата бараат „неадекватни суми за дигитални копии“.

АРХИВА: Петицијата во Русија за укинување на „антипиратскиот закон“ собра 100.000 потписи

Како одговор на петицијата, собрани се над 100.000 потписи, а владата вети дека ќе ги земе предвид забелешките, но законот не беше повлечен, ами, напротив, тој беше проширен. Од мај 2015 година тој важи и за музички изведби, текстови и програмското обезбедување, односно за која било содржина со исклучок на сликите. Покрај тоа, беше дозволено сајтовите да бидат блокирани неопределено при повторно прекршување на законот.

Според судската одлука од јануари 2016 година најпопуларниот торент-сајт RuTracker е осуден на „вечно блокирање“, но сајтот не само што не престана да постои, ами и задржа голем дел од публиката. Работата е во тоа што на RuTracker навремено се појави инструкција како да се заобиколи блокирањето.

Лов на духови

Детално опишаните методи како да се добие пристап до блокираните ресурси брзо се раширија во мрежата. Се појавија сајтови кои ја лоцираат страницата преку прокси-сервер, специјални апликации за смартфони и со совети за промена на нагодувањата на прелистувачот. Сопствениците на сајтовите почнаа да создаваат „огледала“ - копии на сајтовите со нови адреси.

„Роскомнадзор“ предложи како одговор да бидат блокирани „огледалата“, да се наметнуваат казни за „пропагирање на средства за заобиколување на блокирањето на пиратските ресурси“ и да се обврзат системите за пребарување да ги отстрануваат препраќањата кон блокираните ресурси и нивните копии од резултатите на пребарувањето .

Рускиот хакер кој доби 40.000 долари од Фејсбук

На прашањето колку се ефикасни „антипиратските мерки“ во Русија Министерството за култура соопшти дека бројот на прекршоци на Интернет опаднал, а продажбата на легална содржина се зголемила, но појасни дека не располага со конкретна статистика.

Претставник на Министерството за култура посочи дека дел од нерешените проблеми за користењето на нелегална содржина во социјалните мрежи е фактот што пребарувачите не се одговорни за нелегално користење на објекти на интелектуална сопственост и проблемот со блокирањето на веб-сајтови, чии сопственици не можат да бидат идентификувани. Планирано е да се дејствува по решавањето на овие проблеми преку нови закони.





Губернаторы России
Москва

Собянин: Объем закупок у малого бизнеса с 2024 года составил почти 227 миллиардов





Москва

Музей Победы ко Дню медика открыл новую площадку


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал, как электробусы помогают улучшать экологическую ситуацию



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Коммерсантъ

Город-десятимиллионник // Квартир дешевле в Москве остается все меньше




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Москве выставили на продажу редкий Mercedes-Benz SLR McLaren за 100 млн рублей

В Москве вручили премию МУЗ-ТВ — 2024

Московские школьники завоевали четыре медали на престижной Международной олимпиаде


WTA

Самсонова вышла в четвертьфинал турнира WTA в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Эрдоган сообщил, что Фидан и Путин обсудили выборы в курдских районах Сирии



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России