Почина внукот на Сталин
Александар Бурдонски, режисер на Театарот на Руската армија и внук на Јосиф Висарионович Сталин почина на 24 мај во 75 година од животот, пренесуваат агенциите.
Како Сталин го претвора Пушкин во свое оружје за пропаганда
Бурдонски е син на Василиј Сталин – командантот на Воздушните сили на Московскиот воен округ и најмал син на Сталин и неговата втора жена Надежда Алилуева.
Александар Бурдонски има режирано преку 20 театарски претстави во Театарот на Руската армија.
Познатата советска и руска филмска и театарска глумица Људмила Чурсина изјави дека Бурдонски починал од рак. „Беше многу талентиран театарски режисер. Сакаше долги проби. Тоа е човек кој многу знаеше за театарот“, изјави таа.
