Почнаа испитувањата на новата верзија на „Ноќниот ловец“
„Ќе продолжиме да го модифицираме (хеликоптерот „Ансат“) за да ја зголемиме далечината, да ја зголемиме брзината, но, судејќи според сѐ, тој е способен да ги решава основните задачи доволно ефикасно“, изјави Богински, пренесува „Взгљад“.
Според него, годинава холдингот ќе испорача 220 хеликоптери, од кои 82 се цивилни. Во моментов се работи на беспилотна верзија на лесниот хеликоптер Ка-226Т – такво летало сѐ уште нема во светот.
Вечно ривалство: Ка-52 и Ми-28Н
Освен тоа, холдингот има намера во 2019 година да склучи договор со Министерството за одбрана на РФ за испорака на палубни хеликоптери Ка-52К, додека испораките на хеликоптерите во вооружените сили веќе се во тек.
„За поморската верзија на Ка-52 во тек се експериментално-конструкторските работи. Се надеваме да ги завршиме во скоро време, да добиеме лиценца и во 2019 година да склучиме договор со Министерството за одбрана за испорака на овие летала“, изјави Богински.
Во октомври минатата година обновениот „Ноќен ловец“ требаше да биде опремен со ракети со зголемен дострел. Модернизираниот Ми-28Н почна со програмата за летачки испитувања на 9 септември 2016 година, а на 12 октомври пробниот примерок на хеликоптерот го направи првиот лет.