Спецназот на ФСБ ги покажа на Крим новите оклопни возила „Фалкатус“
Според зборовите на претставникот на управата на ФСБ за Крим и Севастопол, со цел огнено неутрализирање на противникот и осигурување на безбедноста на припадниците на специјалната единица биле вклучени оклопна техника и роботизирани системи, пренесува „Взгљад“.
Неколку современи оклопни возила за специјална намена „Фалкатус“ беа испорачани на Крим пред неколку дена. Во средата при реализацијата на првата фаза од вежбите на ФСБ со помош на возилата беше неутрализирана група условни терористи која зазела објекти на „Черноморнефтегаз“ на Црноморското крајбрежје.
Во текот на нападот борците на специјалната единица извршија десант од хеликоптери, употребија алпинистичка опрема и средства за надминување на пречки. Активна огнена поддршка даваа снајпери.