Руските ВКС уништија повеќе од 120 милитанти на пат за Палмира
Руската авијација уништи 32 пикапи и повеќе од 120 члена на терористичката група „Исламска држава“ кои од сирискиот град Рака се упатиле кон Палмира, изјави за РИА „Новости“ извор во Министерството за одбрана на РФ.
„На дваесет и петти мај колона терористи составена од 39 пикапи со вооружување, упатени кон Палмира, е откриена и уништена од авионите на ВКС“, изјави соговорникот на агенцијата.
Може ли Русија да ја задржи Палмира?
Според него, пикапите биле вооружени со митралези со голем калибар.
Како што соопшти изворот, ИД се договорил со курдските одреди од составот на таканаречените „Сириски демократски сили“ за повлекување на милитантите од Рака во правец на Палмира. Курдите имале намера да отворат за терористите безбеден „јужен коридор“ и да им овозможат непречено напуштање на градот. Меѓутоа, руските ВКС успеале да го спречат нивниот маневар.
Во моментов руските беспилотни летала нон-стоп ги набљудуваат патиштата по кои терористите можат да излезат од Рака. Во уништување на милитантите се вклучени не само авионите и хеликоптерите на ВКС на РФ, туку и единиците на Силите за специјални операции.