Полета најновиот руски авион МС-21
На видеозаписите, објавени на интернет-сервисот „Јутјуб“, може да се види како авионот прелетува директно над главите на гледачите, собрани во близина на пистата. Во истиот момент се слушаат извици на воодушевување и аплаузи.
На долниот дел од трупот на авионот јасно се гледа натписот „МС-21“.
Според извор во Иркутскиот авијациски завод, летот поминал во најдобар ред, пренесува „Взгљад“.