Метис: НАТО не е закана за Русија и таа го знае тоа
Ваква изјава даде шефот на Пентагон Џејмс Метис во неделата, 28 мај, во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз.
САД: Русија се обидува да се извлече од обрачот на НАТО
„Зошто тие (Русите) гледаат во НАТО закана, тоа е надвор од границите на моето сфаќање. Јасно е дек НАТО не е закана“, изјави Метис, истакнувајќи дека иднината на Русија треба да биде нераскинливо поврзана со Европа.
„Сега Русија претпочита да биде стратешки противник поради низа причини. Но, суштината е во тоа што НАТО не претставува закана и тие го знаат тоа. Кај нив нема ни најмало сомневање во тоа“, потенцира шефот на американскиот воен ресор.
Метис додаде дека во моментов Вашингтон се стреми да применува дипломатски пристап во односите со Москва, но истакна дека САД „ќе ѝ се спротивставуваат на Русија кога станува збор за сферите каде тие нѐ напаѓаат нас, или во сајбер-просторот, или ако се обидуваат да ги променат границите, користејќи ги вооружените сили“, изјави тој, пренесува „Лента.ру“.