Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

20 часа во редица: колку долго чекаат Русите за да видат реликвија?

0

Евгенија Новоженина / РИА Новости

Од 10 часот и 20 минути на 22 мај пред влезот на главниот собор на Русија  Храмот на Христос Спасителот во Москва - се извива долга редица. За прв пат во историјата моштите на почитуваниот христијански светец Николај Чудотворец се донесени во Москва од италијанскиот град Бари, каде што тие не се допрени речиси еден милениум.

Ваква слика во Русија воопшто не се забележува ретко. Историјата покажува дека луѓето секогаш со задоволство прифаќале да стојат безброј часови во редица, само и само за да видат христијански реликвии и без сомнение, во иднина тие ќе бидат подобро подготвени да чекаат. Во наредните месеци милиони верници ќе пристигнат во руската престолнина и ќе ги истрпат бескрајните редици пред Храмот на Христос Спасителот, за да се помолат пред моштите на Свети Николај.

Бранител на православието

Николај живеел во Мала Азија во 4 век пред нашата ера и е еден од најпочитуваните светци во христијанскиот свет. Тој е почитуван од сите христијански струи - дури станува прототип на Санта Клаус или Дедо Мраз. По традицијата, сепак Русите го доживуваат како бранител на сиромашните и заштитник на покајаните криминалци, децата и на учениците. Поради чудата во Русија тој е познат како Николај Чудотворец, а фигурата на Свети Николај го надмина обичниот статус на светец и стана симбол на надеж за сите кои бараат духовно напаствие и заштита.

Валериј Шарифулин / ТАСС

„Русите многу го почитуваат Свети Николај, многу повеќе од кој било друг светец. Тој е светец кој им помогнал на луѓето и во животот и во смртта, без разлика какви биле тие. Во молитвите кон него луѓето наоѓаат надеж“, изјави за „Руска реч на македонски“ Александар Волков, портпарол на московскиот патријарх Кирил. „За Русите е многу важно лично да се вложи физички напор, своевиден чин на мачеништво. Русите знаат дека кога трпат стоечки во редиците, ќе добијат нешто за себе, за својата душа. Ова не е рационално размислување; тоа е на некое мистично ниво“, дополнува Волков.

Повеќе од реликвија

Не е прв пат толку значајна православна реликвија да собере христијани од најоддалечените краеви на поранешниот Советски Сојуз. Во ноември 2011 година луѓе стоеја речиси 20 часа во редица во очекување да се поклонат пред Честитиот појас на Пресвета Дева Марија, кој беше донесен во Русија од Грција. Претпоставениот број на поклоници кои пристигнале да ја видат реликвија која обиколи неколку руски градови е над 3 милиони луѓе. Според некои информации дури се тврдеше дека редиците биле долги осум километри.

Валериј Шарифулин / ТАСС

„Секој пат кога сум разговарал со луѓето кои чекаа безброј часови за да го видат Појасот на Пресвета Богородица, секогаш добивам впечаток дека тие делат нешто заедничко, посебно чувство на благоговеење пред христијанските мошти ... Копнеж за чудо и утеха“, изјави за „Руска реч на македонски“ Сергеј, свештеник од една московска црква.

Православната вера има длабоки корени во традиционалното руско размислување. Светците секогаш биле важни фигури за руските христијани. Местото каде што живеел светецот може да стане место за богослужба, а понекогаш таму се подига и манастир. На личните предмети на светителот се придава големо религиозно значење и често тие се користат при церемонии и како предмети со кои се дава благослов. Самите светци служат како чудотворци кои ќе излекуваат болести и ќе ги изведат на прав пат заблудените луѓе. При сето тоа дури денес настан како доаѓањето на моштите на Николај во главниот град има огромно историско и културно значење за многу Руси.

„Ние го правиме ова од истата причина поради која скокаме во ледените води на Богојавление“

Свештеник во една од црквите во Московската област, кој сакаше да остане анонимен, зборува за лични искуства, сеќавајќи се како некои луѓе од неговата парохија ги согледувале светците „како лесен пат да ги решат проблемите“.

Артјом Геодаќан / ТАСС

„Како и секој Русин, јас сум мрзлив. Сакам аванта. Да речеме дека знам дека овој светец е допрен Бог; тој ја надминал човечката форма и можел да ја види вечноста... Се разбира, ако сега ги допрам неговите мошти, тогаш јас исто така ќе бидам спасен и сите мои проблеми ќе исчезнат. Ние го правиме ова од истата причина поради која скокаме во ледените води на Богојавление“.

Артјом Геодаќан / ТАСС

„Ете, Вие стоите во редицата и знаете дека на крајот ве чека светец. Како добар лекар или како човек кого го познавате од универзитетот, кој ќе му помогне на вашиот син за приемните испити... Колку подолга е редицата, толку посилна е верата“.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал, как электробусы помогают улучшать экологическую ситуацию





Москва

«ЯРКО» провела развлекательную программу на фестивале «Крутая песочница»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о новом вольере для снежных барсов в Московском зоопарке



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Доминик Джокер

«Молча есть суп тоже надо уметь». Доминик Джокер снялся в комедии ТНТ «Полупановы» вместе с реальной пумой




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Московские школьники завоевали четыре медали на престижной Международной олимпиаде

Баскетболисты пойдут кругами // Единая лига ВТБ пересмотрела формат проведения чемпионата

В Москве выставили на продажу редкий Mercedes-Benz SLR McLaren за 100 млн рублей


Бьянка Андрееску

Бьянка Андрееску: «Мне нравится, что на траве, поскольку она намного быстрее грунте, меньше времени на раздумья»



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Депздрав: Четверо москвичей попали в больницу с подозрением на ботулизм



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России