Русија го осуди новото ракетно тестирање на Северна Кореја
„Загрижени сме од развојот на ситуацијата, но истовремено ги повикуваме нашите партнери со кои работиме на оваа тема, да покажат воздржаност, влучително и во однос на воената активност во овој регион“, изјави рускиот дипломат.
Абе: РФ, САД, Јапонија и Кина ќе дадат решителен одговор на Северна Корeja
Северна Кореја на 29 мај изврши уште едно лансирање на ракета, најверојатно „Скад“ (НАТО ознака за советската ракета Р-17). Токио изјави дека, судејќи според сѐ, таа паднала на подрачјето на ексклузивната економска зона на Јапонија.
Според јужнокорејската војска, ракетата прелетала околу 450 километри. САД соопштија дека летот траел шест минути и дека ракетата паднала во Јапонското море.
Рускиот систем за предупредување за ракетен напад навремено го регистрираше лансирањето. „Тоа беше оквалификувано дека не претставува закана за руската територија“, изјави извор, пренесува „Лента.ру“.