„Еј-Би-Си Њуз“: За Меккејн Путин е поголема закана за Америка од ИД
Американскиот сенатор Џон Меккејн изјави дека го смета претседателот на Русија Владимир Путин за поголема закана од „Исламската држава“.
Меккејн им се исповеда на руски пранкери
„Мислам, (Путин) тоа е примарната и најважната во моментов закана. Поважна од ИД. Мислам, ИД може да прави ужасни работи и силно ме загрижува она што се случува со муслиманската вера. И силно сум загрижен од сѐ што се случува.
Но, токму Русите се обидуваат да го уништат темелот на демократијата – да го променат резултатот од американските избори. Не видов потврда дека тоа им успеало, но тие се обидуваа. И сѐ уште се обидуваат! Се обидуваат да влијаат на изборите! Штотуку се обидоа да ги променат резултатите од изборите во Франција.
Затоа го сметам Владимир Путин, кој ја распарчи Украина, суверена држава, кој врши притисок врз Прибалтикот, ги сметам Русите за најголема закана за нас“, заклучи Меккејн, пренесува RT.