Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

5 причини за да се посети познатиот Пушкински музеј во Москва

0

Свеченото отворање на Музејот на уметноста „Император Александар III“ при Императорскиот московски универзитет за јавноста се одржало на 31 мај 1912 година. Во 1932 година за време на советската власт тој бил преименуван во Државен музеј на ликовната уметност, а во 1937 година по повод 100-годишнината од смртта на Александар Пушкин, му било дадено името на поетот.

Денес овој музеј заедно со Ермитаж во Санкт Петербург претставува најголема колекција на уметнички вредности на странската уметност од различни епохи од дамнешни времиња до денешен ден. До него може да се дојде пеш од Кремљ и од друга позната институција – Мултимедијалниот Арт-музеј. Цела година нон-стоп тука се одвиваат изложби на стара и на современа уметност, се организираат екскурзии на англиски, на француски, германски, шпански, италијански и на кинески јазик. Но, имено музејските ремек-дела е она за што тука доаѓаат луѓето од целиот свет. Еве зошто е тоа така:

1. На исто место да се види атинскиот Партенон и „Давид“ на Микеланџело

Сергеј Бобилев / ТАСС

Пушкинскиот музеј бил замислен како образовен и учебен центар за уметниците и за учениците, па затоа уште пред изградбата на зградата во најдобрите европски работилници биле нарачани одливки од светските ремек-дела на скулптурата и на архитектурата. Сите тие биле направени од оригиналите и даваат претстава за спомениците во размер 1:1. Така, во Грчкиот двор на музејот може да се види мермерниот Партенон и портата на Ерехтеон, во Италијанскиот да ги споредите трите ренесансни варијанти на скулптурата на Давид со главата на Голијат – Микеланџело, Донатело и Вероко, а исто така и да го проучите порталот на романскиот собор на Богородичната црква во Фрајбург и портата на Флоренциската баптистерија.

2. Да се види една од најдобрите колекции на импресионистите и на постимпресионистите надвор од Франција

„Сините танцувачки“ на Едгар Дега / Музејот на уметноста „Пушкин“

На почетокот на дваесеттиот век руските индустријалци и мецени Сергеј Шчукин и Иван Морозов, без да штедат, купувале нови уметнички дела кај париските продавачи, со што собрале мошне вредна и квалитетна колекција. По револуцијата од 1917 година тие биле обединети во Музејот на новата западна уметност; во 1948 година советските власти го затвориле овој музеј и ги поделиле експонатите на Пушкинскиот музеј и на Ермитаж. Во Москва се останати ремек-дела како што се „Портретот на Жана Самара“ на Реноар, „Сините танцувачки“ на Дега, дела од основната серија на Моне, „Црвени лозја“ на Ван Гог, „Кафуле во Арл“ и „Тајланѓанките“ на Гоген, „Црвените рипки“ на Матис и „Девојче на топка“ на Пикасо.

3. Да се направи паралела помеѓу класиката и современоста

„Човекот како птица. Начини на патување/// Палацо Соранцо Ван Аксел, Венеција / Алан Вуба

Музејот има нова програма „Пушкински ХХI“ во чии рамки се организираат експозиции на актуелната уметност и изложби-интервенции додека во халите со класична уметност се наоѓаат работи на современи уметници кои служат како одговор или се слични според контекстот. Во рамките на програмата тука веќе се одржаа изложби на Вим Делвуа, Виктор Пивоваров, Јасумаси Моримури и на други. А, на Венецијанското биенале музејот за првпат на меѓународната сцена претстави заедничка експозиција на современи уметници.

4. Да се посетат одеднаш пет музеи

Артјом Гоедаќан / ТАСС

За сите години од своето постоење Пушкинскиот музеј постојано добива нови колекции и зданија. Во моментов за посетителите достапни се Главното здание со класичниот портик каде е изложена уметноста од Древниот свет до почетокот на деветнаесеттиот век, Галеријата на уметноста на земјите од Европа и од Америка од деветнаесеттиот и од дваесеттиот век, Одделот на личните колекции, Учебниот уметнички музеј со одливки и Меморијалниот стан на познатиот пијанист Свјатослав Рихтер.

5. Да се најдете во „московскиот Лувр“

Јавниот простор на музејското гратче / Музејот на уметноста „Пушкин“

Колекцијата на оригинали на Пушкинскиот музеј опфаќа неколку илјади години од историјата на уметноста – од Древниот Египет со мумии и саркофази до делата на Ботичели, Веронезе и современи дела. Како и други музеи-гиганти, како што се Лувр и Ермитаж, Пушкинскиот е невозможно да се помине во еден ден. Во 2024 година околу главната зграда ќе биде формиран музејски град со историски и со современи зданија и десетици илјади експонати од различни епохи. На тој начин експозицијата ќе биде двојно зголемена.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Сергей Арутюнов

Триумфальное возвращение Льва Лещенко на сцену спустя месяцы затишья. Артист презентовал дуэт с солистом группы “Парк Горького” Сергеем АРУТЮНОВЫМ




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча


Уимблдон

Экс-теннисист Ольховский: россияне могут хорошо выступить на Уимблдоне



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России