Путин до Европа:Не измислувајте закани, соработувајте со нас во безбедноста
„Мислам дека сите сакаме безбедност, спокој, просперитет и соработка. Значи, не треба ништо да ескалираме, не треба да измислуваме митски руски закани, некакви хибридни војни и така натаму. Самите измисливте, а потоа самите себеси се плашите и на таа основа уште и ги формулирате перспективите на политиката“, изјави рускиот лидер во интервју за францускиот весник „Фигаро“ по својата посета на Париз.
Лавров: ИД не се предава, ама ние сигурно ќе ги скршиме
Според Путин, таквата политика нема перспективи.
„Има перспективи единствено во едно – во соработката во сите насоки, вклучително и за безбедносните прашања. Најважниот проблем во сферата на безбедноста денес е кој? Тероризмот (...) А ние сите расправаме какви закани создава Русија“, истакна рускиот претседател, пренесува RT.