Путин укина дел од економските санкции против Турција
Шефот на руската држава ги укина ограничувањата за наем на турски работници кои работеа во Русија, и за работењето на турските компании во одделни сфери.
Русија и Турција потпишаа изјава за укинување на рестрикциите во трговијата
Путин му наложи на МНР на Русија да ја извести Анкара за делумната обнова на договорот за условите на заемно патување на граѓаните, потпишан во 2010 година. Исто така, рускиот претседател го прошири списокот со турски државјани кои ќе можат да ја посетуваат Русија без визи.
Исклучувањата сега се однесуваат на членовите на екипажите на турските авиони, имателите на службени пасоши кои ја посетуваат Русија за краткотрајни службени патувања и членовите на нивните семејства.
Притоа се потенцира дека исклучувањата ќе важат единствено ако Турција примени исти мерки, пренесува РИА „Новости“.