Градоначалник на град во близина на Москва пронајден мртов
Градоначалникот на рускиот град Коломна, Денис Лебедев е пронајден мртов во неговиот дом. Портпаролот на истражните органи Олга Вради рече дека е почната истрага за случајот со 46 годишниот Лебедев кој е пронајден мртов денеска.
Според медиумите кои цитираат анонимни извори во истрагата телото на градоначалник е пронајдено со повреди од огнено оружје.
Лебедев стана градоначалник на Коломна во октомври 2016 година. Стариот град со околу 145 000 жители се наоѓа на околу 115 километри југоисточно од Москва.
Тој работеше во приватни безбедносни компании пред да биде избран за регионален пратеник во 2011 година.