Сиљановска: Ќе ја почитувам одлуката на Собранието ако го промени Уставот
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека ќе ја почитува одлуката, ако новиот состав на Собранието го промени Уставот, но дека е невозможно тој да се промени, пред да се распушти овој парламентарен состав. Придавката „северна“ нема да ја користи во обраќањата.