Со 80 гласа „за“ помина првата фаза од уставните измени
Со 80 гласа за Собранието вечерва ја донесе одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Покрај 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата меѓу кои Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канчевска-Милевска, Владанка Авировиќ, Крсто Муковски, Зекир Рамчиловиќ. По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев по електронското гласање се вршеше и поединечно... Читать дальше...