На аеродромот во Сараево уапсен осомничен за тероризам
Едно лице, осомничено дека извршило кривични дела поврзани со тероризам, е уапсено во саботата на 18 ноември на аеродромот во Сараево.
Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека тој е осомничен за кривични дела „Организирање терористичка група“, „Недозволено формирање и здружување на странски паравоени или параполициски организации“ во врска со кривичното дело „Тероризам“.
„Овие активности се извршени во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина“, соопшти СИПА, но не даде детални информации за осомничениот.
Од Федералната полициска управа за Радио Слободна Европа потврдија дека станува збор за Аднан Ќатиќ Ада кој заминал во Сирија во 2013 година. Тој е осомничен дека се приклучил на т.н. исламски држави.
По територијалниот пад на ИСИЛ, тој од Сирија се преселил во Турција, од каде со авион дошол во Сараево. По распит во просториите на СИПА, Ќатиќ ќе биде предаден на Обвинителството на БиХ.
Вкупно „помеѓу 250 и 300“ државјани на Босна и Херцеговина заминале во Сирија од 2012 до 2016 година, кога е забележано последното заминување, според официјалните податоци на владата.
Во официјалните информации на крајот на 2022 година, властите изјавија дека „сметаат“ дека досега во Босна и Херцеговина се вратиле 62 возрасни и 22 малолетни лица.
Во Босна и Херцеговина би можеле да се вратат уште 173 лица, меѓу кои 42 возрасни мажи и 30 жени и 91 малолетно лице.
Возрасни мажи, кои досега се вратиле или биле депортирани, биле уапсени, а 28 од нив биле осудени за дел од кривичните дела поврзани со тероризам. Мнозинството беа осудени „за приклучување кон странски паравоени и параполициски групи“, како т.н. Исламска држава или Ал Нусра, која Обединетите нации ја сметаат за терористичка организација.
Одлежаа во просек по две години затвор и денес сите се на слобода, освен двајца кои беа осудени на четири и шест години затвор во 2021 година. Жените и децата беа вратени на нивните семејства во 18 градови низ Босна и Херцеговина.