Медиум: Русија ќе ги опреми тихоокеанските подморници со ракети „Калибар“
Руската Тихоокеанска флота планира да опреми четири нуклеарни подморници од проектот 949 „Антеј“ со крстосувачки ракети „Калибар“, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов. Застарените ракети „Гранит“ ќе бидат, како што истакна тој, заменети со ракетите „Калибар“ кои се покажаа одлично во сирискиот конфликт.
Која подморница ги ракетираше позициите на ИДИЛ во Сирија?
Како што пишува магазинот „Дипломат“, ракетите „Калибар“ се во состојба да развијат брзина од 270 до 410 милји на час. Подморниците од проектот 949 ќе бидат опремени, како што се наведува, со нови системи за навигација и нормално функционирање на екипажот. „Старите пловила ќе добијат нови функции, а на тоа се работи во рамките на тековната државна програма“, нагласи Борисов.
Изданието истакнува дека подморниците од проектот 949 се изградени во периодот од 1985-1999 година и дека првично се наменети за напад врз ударните групи на американските носачи на авиони и крајбрежни цели. Во овој момент две подморници од наведената класа се на служба во Северната флота, а пет во Тихоокеанската, пренесува RТ.