Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2017

„Јандекс“ го претстави своето беспилотно такси

0

Една од најголемите руски Интернет-компании „Јандекс“ за прв пат го покажа својот прототип на беспилотно такси.

Технологијата што ја користи беспилотникот на „Јандекс“ е сопствена разработка на компанијата во комбинација со широкодостапна опрема. На пример на видеото се гледа како во колата е инсталирана графичка карта Nvidia GTX GPU и лидар (технологија за далечински добивање на информации за оддалечените објекти) од Velodyne.

Претставници на фирмата велат дека нивните специјалисти користеле разработки создадени првично за услугите „Јандекс.Карти“ и „Јандекс.Навигатор“.

„Користиме анонимни податоци од корисници на „Јандекс.Навигатор“ кои ќе ни овозможат да дознаеме како да се управува со возилата во градот при сообраќај, со ограничена брзина, затворени патишта и други инциденти, открива портпаролот на „Јандекс.Такси“ Владимир Исаев.

Се очекува беспилотното возило да не е беспомошно во градскиот сообраќај, бидејќи е опремено со компјутерски алгоритами (исто така напишани од „Јандекс“), вештачка интелигенција, технологија за машинско учење и компјутерски вид. Благодарение на тоа возилото може да бара слободни паркинзи и да ги почитува сообраќајните знаци.

Ротирачки волан, жена со метла и други проблеми на беспилотното возило

Во моментов во „Јандекс“ работат на петтото ниво на автономија на беспилотната кола - технологија / платформа, која ќе им овозможи целосно да се исклучи човечката интервенција во управувањето. Досега тоа сè уште не е постигнато од никого.

Руски Терминатор со вештачка интелигенција

Во септември 2016 година Uber исфрли неколку самоуправувачки машини низ улиците на Питсбург и како што забележаа патниците, предизвика одушевување колку добро автомобилите се движат сами, но и колку пати го губат режимот на самоконтрола. Можеби Питсбург не е најдобар град за таа цел - таму има околу 500 мостови, наоколу нема згради, GPS-от не ја дава потребната прецизност и на вработените на Uber им се наложуваше постојано да го преземат управувањето.

Во април оваа година на улиците на градот Феникс во државата Аризона на сите дојденци им беше предложено да се прошетаат со беспилотно комби - тоа беше купено од подружницата на Google. Но и таму сè уште има „жив“ возач. Беспилотните автомобили на Google веќе неколкупати запаѓаат во чудни ситуации и дури специјалниот оддел во компанијата, кој се занимава со решавање на необични проблеми, не знае што да прави, ако пред автомобилот се појави жена со метла во моторна инвалидска количка и почне да ја брка патка , или пак ако на хаубата на автомобилот одеднаш се фрли пешак.

Осум најинтересни новини од Русија

„Не знаеме во која фаза се нивните (на конкурентските фирми) разработки и по што се разликуваат тие од нашите. Јасно е дека оваа информација не се шири масовно. Се прикажуваат само различни слики, а како е всушност сето тоа направено - никој не знае“ , изјави за „Руска реч на македонски“ Владимир Исаев. „Не ги знаеме техничките детали на прототипите што ги прават овие компании, но може да се каже дека општо земено сега се користат слични комплекси на технологии“, додава тој. Според него од „Јандекс“ сакаат да започнат да ја тестираат колата низ градските улици до крајот на оваа годинава – „постои таков план. Но, колку тоа ќе е можно, сè уште е тешко да се каже“, вели тој, бидејќи „во  моментов тоа е забрането со закон“. И, се разбира, сè уште возилото оди со еден вработен на компанијата.

Единственото чудно нешто што луѓето го гледаат на видеото со беспилотните „Тојота“ на „Јандекс“ е невообичаената брзина со која се врти воланот. „Вртењето на воланот за 90 степени не значи дека и тркалата се вртат со истиот степен. Оваа зависност е техничка карактеристика на возилото. Ако се погледне, ќе видите дека воланот не се врти напразно - машината спроведува маневри“, објаснија од компанијата.





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Бато Багдаев

«Волшебные башмачки Элли» - эта постановка создана по мотивам знаменитой сказки Александра Волкова «Волшебник Изумрудного города» - Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


ATP

«Ну и где здесь «группа смерти?» ATP показала, каким был бы Евро-2024 с теннисистами



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Происшествия

В центре Орла машина сбила двух пешеходов



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России