Лавров: Властите на Полска и Литванија допуштаат русофопски дејствија
Лавров истакна дека, без оглед на позицијата на полските и литванските власти, локалните власти - соседи на Калининградската област, се заинтересирани за продолжување на комуникацијата, пренесува „Взгљад“.
Литванија, Полска и Украина заедно против Русија
Министерот потенцираше дека самите жители на тие места сакаат „не да градат ѕидови, како што тоа сакаат да го направат Литванците, да не го прекинуваат договорот за мало погранично движење, како што тоа го направи полската влада“.
Во јануари Литванија изјави дека прави планови за изградба на ограда на границата со Калининградската област. Како одговор на тоа, Калининград ѝ понуди на Литванија ќерамиди за изградба.
Од јули минатата година Варшава го суспендира важењето на договорот за начинот на локалното погранично движење со Калининградската област. Русија исто така одговори со запирање на важноста на режимот.