Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2017

Последниот двобој на Пушкин

0

1. Предизвик на двобој

Александар Пушкин и Жорж Дантес, 25-годишен француски офицер на руската гарда, двапати еден со друг се предизвикувале на двобој. Првиот пат Пушкин го предизвикал Дантес за кого во петербуршкото општество се ширеа гласови дека не е рамнодушен кон сопругата на Пушкин Наталија Гончарова. Тоа се случило неколку месеци пред трагичниот двобој, односно уште во ноември 1836 година, а се случило така што Пушкин добил анонимна пасквила со назив „диплома на носач на рогови“ со крајно отворена алузија на неверноста на неговата жена.  Писмото можело да се протолкува како сопругата на поетот да го изневерува својот сопруг со императорот (во Петербург се зборувало дека Гончарова му се доаѓа на царот Николај Први). Пушкин помислил дека автор на писмото е холандскиот амбасадор барон Хекерн, старател кој го посвоил Дантес. Затоа го предизвикал Дантес на двобој. Но, Дантес набргу ја побарал за жена сестрата на сопругата на Пушкин Екатерина Гончарова, по што Пушкин се повлекол од предизвикот.

Жорж Дантес / РИА Новости

Набргу по свадбата на Дантес и Екатерина во високото општество повторно почнале да се шират валкани гласови за семејството на Пушкин, па поетот му напишал на Хекерн остро писмо, сметајќи дека тој повторно стои зад сите тие гласови. Во писмото поетот не избирал зборови за Хекерн и за неговиот посвоен син. Овој пат самиот Хекерн изјавил дека предизвикот на Пушкин останува на сила.

2. Сурови услови за двобој

Двобојот е одржан во предградието на Петербург на Црна река. Условите за двобојот биле исклучително сурови. Растојанието помеѓу Пушкин и Дантес било најмногу 10 чекори (додека учесниците во двобои во другите европски земји најчесто пукале еден во друг на оддалеченост од 25-30 чекори).

Дантес пукал прв и тешко го ранил Пушкин во стомакот. Пушкин паднал и пукал, потпирајќи се на земја, но куршумот само го поткачил Дантес на десната рака. Два дена по двобојот Пушкин починал.

3. Реакцијата на царот

Уште Петар Велики ги забранил двобоите во Русија. Пушкин на умирање успеал преку царскиот лекар да измоли од Николај Први простување за својот секундант Константин Данзас, така што тој се извлекол со само два месеци затвор.

Илустрации на руските бајки

Царот Николај ја презел на себе грижата за семејството на убиениот поет: ги платил долговите на Пушкин, наредил да се обезбеди еднократна помош за семејството на поетот во вредност од 10.000 рубли и определил пензија за вдовицата и за ќерките, а синовите ги дал во паж.

Дантес го протерал од земјата и му го одзел офицерското звање. Сопругата на Дантес (свастиката на Пушкин) заминала заедно со својот сопруг. Родила четири деца и умрела во 1843 година.

По доаѓањето во Франција Дантес почнал да се занимава со политика, извршувал дипломатски мисии за Наполеон III, кој подоцна го именувал за доживотен сенатор. Според едно од сведоштвата, Дантес велел дека благодарение на своето заминување од Русија предизвикано од двобојот, во татковината направил „блескава политичка кариера“.

4. Улогата на Наталија Гончарова

Поединци мислат дека сопругата на Пушкин Наталија Гончарова во извесна смисла е виновна за смртта на поетот зашто не сакала или не можела да ги запре гласовите кои нејзиното име го доведувале во врска со Дантес. На пример Гончарова ја обвинувале за смртта на Пушкин двете познати руски поетеси Ана Ахматова и Марина Цветаева. Ахматова ја нарекла „соучесничка на Хекерн во случајот кој претходел на двобојот“, а Цветаева напишала: „Само убавица, обична убавица, без коректен ум, душа, срце и дарба. Гола убавина што сече како меч. И го пресече“.

Владимир Гау (1816-1895). Портрет на Наталија Гончаров / РИА Новости

По Втората светска војна во Париз се објавени две писма на Дантес кои ги напишал на почетокот од 1836 година. Во нив тој пишува како е заљубен во „најпрекрасното суштество во Петербург“. Уште пишува и дека нејзиниот маж е „лудачки љубоморен“, а таа не е рамнодушна кон Дантес. Но, пишува и дека таа не е подготвена поради него „да го прекрши својот завет“.

Научниците немаат единствен став во врска со тие писма. Едни сметаат дека женската личност за која пишува Французинот не е Гончарова, а други дека Дантес сакал да го увери високото друштво за своите односи со убавата Гончарова. Тоа, според нив, било потребно за да се прикријат гласовите за можната хомосексуална врска со баронот Хекерн.

5. Пушкин на двобои

Тоа не бил првиот двобој на Пушкин. Се смета дека писателот претходно најмалку 20 пати предизвикал други и дека 7 пати бил предизвикан. Четири двобои се одржани, а останатите се избегнати благодарение на интервенциите на пријателите на поетот.

Првпат Пушкин го предизвикал на дуел својот вујко Павел Ханибал кога имал само 17 години. Бил навреден зашто тој му ја презел девојката на бал. Двобојот сепак не бил одржан и кавгата набргу завршила со помирување.

Пушкин го сметале и за одличен стрелец, но тој не пукал прв и никогаш не пролеал крв на својот ривал, освен во двобојот против Дантес.

10 причини зошто Пушкин е толку кул





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Бато Багдаев

Сказка Ульгэра «Волшебные башмачки Элли» по мотивам знаменитой сказки Александра Волкова «Волшебник Изумрудного города» - Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


Кирилл Скачков

Кирилл Скачков из Новокузнецка стал победителем Игр стран БРИКС-2024



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Победителя молодежного первенства по футболу определят в Видном в октябре



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России