Руска министерка: Да се врати кирилицата на територијата на ЗНД!
„Последниве 10 години имаше многу голема тема: латинизацијата и арабизацијата на писмата. Еве сега ние треба да се вратиме на едно писмо на просторите на ЗНД – тоа е кириличното писмо“, изјави Васиљева.
Според неа, според анкетите, населението на ЗНД „зборува за приврзаноста и неопходноста од кириличното писмо“.
„Светски јазик“: експертски поглед на сегашноста и на иднината на рускиот ј.
Порталот „Взгљад“ потсетува дека по распадот на Советскиот Сојуз Узбекистан, Туркменистан и Азербејџан преминаа од кирилица на латиница.
Покрај тоа, во април беше предложено и киргискиот јазик да премине на латиница, а пред тоа претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев наложи казашката азбука да се трансформира во латинична.
Исто така, на крајот на април на интернет се појави и проект за латинска азбука за украинскиот јазик.