Берлин: Европа е единствениот вистински партнер на Русија
Во Москва расте разбирањето дека единствен вистински партнер на Русија е Европа, изјави министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел во интервју за „Шпигел Онлајн“.
Подготвени ли се Меркел и Путин за компромис?
Габриел изјави дека во светлото на конфликтите во Украина и во Сирија Германија е крајно заинтересирана за воспоставување „разумни односи“ меѓу Русија и САД. Според него, на Берлин му се потребни и двата партнера, затоа што „поединечно Европејците нема да ги решат овие конфликти“, пренесува „Взгљад“.
Шефот на германското МНР тврди дека во долгорочна перспектива Русија „не е заинтересирана да се врзува со некакви политички обврски со Иран“. Тој истакна дека „не е во интерес на Москва да дозволи со помош на Иран позициите на Башар Асад еднаш да се зацврстат толку што тој би престанал да има потреба од Русија“.