Украинскиот премиер има намера да го запре „Северен тек 2“
„Сакам да ве уверам дека сите политички, а исто така и правни мерки се преземаат од страна на Украина (...), вклучувајќи и координација на нашите напори со другите меѓународни партнери“, изјави украинскиот премиер Гројсман.
Берлин со поддршка за „Северен тек 2“
Претходно во вторникот претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја повика ЕУ максимално да го заостри пристапот спрема изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ кој, како што тврди Туск, „им противречи на интересите“ на ЕУ.
Европа сѐ уште има инструменти кои можат да ја усложнат изградбата на гасоводот, смета весникот „Взгљад“.