Катар ѝ благодари на Русија за помошта
Шефот на руската дипломатија потенцираше дека Москва не планира на кој било начин да се меша во билатералните односи на арапските земји и го почитува нивниот суверенитет. Сепак, Русија е загрижена од новото заострување на ситуацијата во Блискоисточниот регион и ги повикува партнерите да воспостават директен дијалог.
„Ние од принципиелни причини не се мешаме ни во внатрешните работи на другите држави, ни во нивните билатерални односи меѓу себе. Сепак, не може да нѐ радува ситуацијата кога односите меѓу нашите партнери се влошуваат“, изјави Лавров, пренесува „Газета.ру“.
„Би сакал да им се заблагодарам на руските институции кои ја понудија својата помош во она што се однесува на надминувањето од страна на Катар на оние незаконски мерки кои беа воведени против нас. Многу ја ценам таквата соработка меѓу двете наши земји“, изјави од своја страна Ал Тани, пренесува RT.
Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Египет, Јемен, Либија, Малдивите, Маврициус, Мавританија и Коморските Острови ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
Катар наспроти Саудиска Арабија: како ќе реагира Русија на новиот конфликт?