Совет за човекови права на РФ: Наваљни е провокатор
Според Федотов, во текот на неодобрената акција покрај луѓе кои свесно дошле на митингот биле приведени и минувачи кои немале намера да учествуваат во протестот.
Притоа Федотов ги нарече приврзаниците на Наваљни жртви на „контрапродктивна провокација“.
Како поминаа антикорупциските протести на опозицијата
„Тие не сфаќаа дека се предмет на провокација. Мислам на однесувањето на господинот Наваљни, кој ги повика своите приврзаници да одат на „Тверскаја“, наместо да учествуваат во договорената со властите на градот манифестација на проспектот „Академик Сахаров“, изјави Федотов, пренесува „Взгљад“.
Тој изрази мислење дека, доколку Наваљни навистина сака промени кон подобро во политиката на Русија, тие треба да се постигнат со законски методи.
Претходно активистот за човекови права Лев Пономарев го обвини Наваљни дека го изневерил протесното движење.
Симоновскиот суд во Москва во понеделникот одреди 30-дневен притвор за Наваљни.