Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2017

7 работи кои треба да ги видите на Црвениот плоштад освен мавзолејот

0

ТАСС

Црвениот плоштад е најважниот плоштад во Москва и во цела Русија. Неговото име доаѓа од древноруското значење на зборот „црвен“ – „убав“. Значи Црвениот плоштад е најубав во земјата, а се наоѓа во близина на ѕидовите на Кремљ. Тешко е да се најде човек кој не го видел Црвениот плоштад барем еднаш во животот на слика и да не слушнал за мавзолејот на рускиот револуционерен водач Владимир Ленин кој се издига таму. Освен него, сепак, тука може да најдете уште многу уникатни и интересни објекти и да уживате во големи фестивали. „Руска реч на македонски“ ви раскажува за најважните од нив.

Државен историски музеј

Не може да ја пропуштиме оваа зграда, направена од црвени тули, - таа ќе ве пречека прва кога ќе стапнете на калдрмата на Црвениот плоштад на спротивната страна на метро-станиците „Театраљнаја“, „Охотни рјад“ или „Плошад ревољуции“.

Екатерина Чеснокова / РИА Новости

Всушност музејот е единствениот со претензии дека изгледа како традиционална античка руска зграда од 16 век - вистината е дека е изградена во 19 век, по наредба на царот Александар II. Архитектите биле замолени да се дизајнира зградата, така што да не се издвојува од Црвениот плоштад и архитектонскиот ансамбл на Кремљ.

Постојаната постановка во музејот е навистина интересна - секој ученик во Москва се сеќава на таванот на парадната сала, каде е нацртано семејното дрво на руските цареви. Освен на историјата од античките времиња до 20 век, музејот често е домаќин и на различни изложби.

Казањскиот собор

Од левата страна на влезот на Црвениот плоштад низ портите „Воскресение“ се наоѓа мала црквичка – соборот „Казањска Богородица“ или едноставно Казањскиот собор. На влезот е поставена икона на „Казањската Света Богородица“ - една од најпочитуваните од православните Руси. Црквата е изградена во 1625 година, по што е преизградувана повеќе пати и на крајот уништена од советските власти во 1936 година На почетокот на деведесеттите години од минатиот век сепак е реконструирана во оригинална форма.

Илија Шербаков / РИА Новости

ГУМ

Од античките времиња Црвениот плоштад е голем пазар и средиште за трговија. Денешните времиња не се исклучок. Друго „дете“ на различна ера на еклектичен терен на Црвениот плоштад е Државната стоковна куќа или ГУМ - пример за псевдоруски стил. Зградата е всушност дел со челично-стаклена конструкција на таванот, дело на познатиот инженер Владимир Шухов.

ГУМ е главната продавница во Русија - освен да пазарувате и да се восхитувате на зградата однатре, влезете внатре и купете си од сладоледот кој се продава во специјални шатори. Вкусот е исто како во советските времиња и е еден од омилените десерти на сите Руси кој ги потсетува на детството.

Михаил Воскресенски / РИА Новости

Патем, тука има и одлично кафуле со неверојатни глетки кон Црвениот плоштад и ѕидовите на Кремљ. Цените се пристојни. Друго место кое вреди да се посети, е „Гастрономија №1“ каде може да се купи кавијар, вотка или нешто друго.

Челното место

Како главен плоштад во земјата Црвениот плоштад со векови е сцена на историските настани. За прв пат челното место се споменува во хрониките како местото каде Иван Грозни ја објавува победата против Казанското ханство. Постои легенда дека на челното место се извршени јавни егзекуции, но тоа се случувало ретко. На челното место најверојатно се вршат и официјални говори (во советските времиња оваа функција е на поетот од трибината на мавзолејот).

Василиј Егоров, Алексеј Стужин / ТАСС

Во 1698 година, сепак, тука се случува масовна егзекуција - тука се убиени стрелците (армиска единица во Москва) кои учествувале во востанието. Дури постои слика на Василиј Суриков, насловена „Утрото на егзекуцијата на стрелците“.

„Утрото на егзекуцијата на стрелците“, Василиј Суриков/ Третјаковска галерија

Храмот на Св. Василиј Блажени

Оваа катедрала со форма на торта веројатно е еден од најпрепознатливите симболи на Москва и Русија, прикажан на илјади разгледници и сувенири. Св. Василиј Блажени е изградена од Иван Грозни во 1555-1561 година во спомен на освојувањето на Казањ и победата против Казанското ханство. Вреди да ја разгледате и да ја фотографирате не само однадвор, ами и да ѕирнете внатре - да се восхитувате на куполите со фрески, на портите, на олтарите, на различни параклиси и на иконостасот.

Vostock-photo

Некрополата крај ѕидовите на Кремљ

Додека лидерот на Руската револуција од 1917 година, Владимир Ленин лежи во мавзолејот, повеќето советски раководители и ликови се погребани крај ѕидовите на Кремљ. Тука почива Јосиф Сталин, кој всушност лежи до Ленин во мавзолејот до 1961 година, но потоа е преселен оттаму. Додека се шетате низ некрополата, можете да се запознаете со целата историја на СССР: министри, сите советски маршали, Јуриј Гагарин, Максим Горки и многу други имале чест да бидат погребани тука. Последниот човек погребан на ова место е советскиот лидер Костантин Черненко во 1985 година.

Владимир Федоренко / РИА Новости

Различни привремени настани

На Црвениот плоштад се одржуваат различни фестивали, концерти и забавни настани.

Од 3 до 6 јуни тука е лоциран голем саем на книгата со учество на над 500 издавачки куќи од цела Русија. Влезот е слободен.

Росијскаја газета

На 12 јули тука ќе се одржи Moscow City Racing - вистинска радост за навивачите на Формула 1. Веднаш до ѕидовите на Кремљ ќе биде создадена рута на кој луѓето ќе се запознаат со светски познатите пилоти на Red Bull, Scuderia Ferrari, Lotus, McLaren-Mercedes и други, како и на релито „Камаз-Мастер“.

На 22 јули тука ќе се одржи митинг со ретроавтомобили, а влезот е слободен. Сто советски автомобили произведени во периодот 1970-1980 година ќе бидат изложени до ГУМ за уживање на гледачите, по што ќе се вклучат во 100-километарското рели низ градот.

Секоја година на 1 декември точно на Црвениот плоштад се отвора огромно лизгалиште. До него е божиќниот и новогодишниот саем, кој работи речиси во текот на целата зима - на него можете да пробате традиционални руски јадења, да се напиете греано вино, да си купите руски ракотворби или едноставно да се забавувате.

Илија Питалев / РИА Новости





Губернаторы России
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Жанна Фриске

Память Жанны Фриске почтили посмертной наградой и ее песней на музыкальной премии




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике


Анастасия Мыскина

Овечкин, Яковлев, Фридзон и Мыскина сыграли в падел-теннис в Турции: «Победила дружба»



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Домодедово

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России