Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2017

Како поминаа антикорупциските протести на опозицијата

0

AP

Во многу градови од Русија на 12 јуни беа одржани протести против корупцијата организирани од опозиционерот Алексеј Наваљни и неговите приврзаници. Ова се втори масовни протести против корупцијата што организираше опозиционерот. Првите се одржаа во околу сто руски градови на 26 март и беа најголемите по оние од 2011 година.

Во Москва протестот беше договорен со властите на авенијата Сахаров, сепак 17 часа пред почетокот Наваљни на Јутјуб објави видео со „вонреден“ повик да се излезе во центарот на градот, на Тверската улица, објаснувајќи ја својата одлука со одбивањето на властите  да се постави сцена и озвучување на договорената локација. По полноќ на сајтот на Генералнoто обвинителство се појави предупредување дека обидот за организирање протести на Тверскаја е незаконски и „органите на редот и мирот ќе бидат принудени да ги преземат неопходните мери за спречување на провокации“.

Ројтерс AP

Неколку часа пред почетокот на протестите (стартот беше во 14:00 по московско време) по периметарот на Тверскаја и на уличките стоеја полициски комбиња со соработници на ОМОН (единица на полицијата за посебни задачи). Но, освен нив на главната улица се собраа многу обични минувачи: годинашниов протест се совпадна со државниот празник Денот на Русија за кој властите на Москва подготвија фестивал на реконструктори од разни епохи. Викинзи, козаци, војници од Втората светска војна со пушки на рамо, луѓе во униформи од 1812 година, стари руски конструкции, барикади од вреќи со песок – сето тоа исто така ги чекаше демонстрантите на Тверскаја.

Што се случи на Тверскаја?

Во определеното време на тротоарите почнаа да се собираат млади – мнозинството беа студенти и ученици за кои се гледаше дека не се дојдени за реконструкцијата. Кај детекторите за метал се создаде метеж. Многумина беа дојдени со руско знаме, многумина со самостојно направени плакати кои повикуваат на одговорност за корупција. Оние што сакаа да се прошетаат покрај комбињата и тенковите на улица влегоа во дискусија со демонстрантите – вториве, очигледно, им пречеа да дојдат до зоната на прославата.

AP

- Што ќе ни е митинг? Тоа никому не му се допаѓа. Не е работата во Наваљни, ве уверувам. Нас нè лажат и тоа нервира – парираше млада жена со завиткан постер во рацете. Демонстрантите се обидуваа да не ги истакнаат дури не поминат „фејс-контрол“ кај детекторите за метал и полицијата и се обидуваа да дознаат што се случува во другите делови – оградените делови, комбињата, единиците на ОМОН го затвораа погледот. На Интернет се појави информација дека на оние што сепак заминале на протест на авенијата Сахаров (ги имаше помалку) непознати лица им земале лични податоци.

Ројтерс

Расположението нагло се смени во 14Ч05 кога по команда полицијата тргна кон демонстрантите кои стоеја со отворени плакати и гласно ја пееја химната на Русија. „Толку, сега сигурно ќе нè исфрлат“, рече младо момче, очигледно студент, на едно друго момче. Тие се спикаа кај оградата. Демонстрантите со плакатите почна еден по еден да ги изнесуваат од толпата. На буквално неколку чекори од нив во шаторот „Многунационална Русија“ раскажуваат за главниот бренд на земјата – бурановските бабички.

По 20 минути луѓето ги носат по земја или во воздух, со оглед на тоа дека толпата се држи цврсто во верига. Таа скандира „Честит Ден на Русија!“ и „Срамота“ секогаш кога некој ќе се најде зад вратите на мариците.Ројтерс

 

Некои млади луѓе се обидуваат да им ги земат пендреците на полицајците, но новинарите ги молат да не се занимаваат со провокации: „Знаете дека можат да ве затворат за тоа? Сакате нова Болотнаја?“. „А, тие со што се занимаваат? Не е тоа провокација? Ние мирно си седиме тука, зошто го прават тоа?“, одговара момче на лик како да има 23 години.

„Непристојни луѓе“

Организаторите не се појавија на демонстрациите. Сопругата на Наваљни на неговиот профил на Твитер напиша дека тој бил приведен во влезот од зградата кога тргнувал на митинг (на минатите протести тој успеа да присуствува 5 минути). Во полиција објаснија дека тој бил приведен во врска со повикот за неусогласени протести. Друг организатор – Иљја Јашин – беше приведен по 3 минути откако излезе од метро-станицата на Тверскаја.

С Днём России! pic.twitter.com/CkfZXT6EKo

— Alexey Navalny (@navalny) 12 июня 2017 г.

 

Во Санкт Петербург полицијата дејствуваше на сличен начин. На Марсово поле ОМОН по мекото предупредување за разидување, започна да ги опкружува оние што скандираа „Русија ќе биде слободна“ и ги носеа во марица. Во Владивосток акцијата беше договорена со властите, но организаторите решија да го сменат местото и без дозвола ги изведоа луѓето на плоштадот покрај железничката станица каде се одржуваше фестивал на козачка култура. Беа приведени 22 лица, од кои за тројца се верува дека се малолетни.

AP AP

Во Новосибирск излегоа повеќе од 5 илјади луѓе кои бараа лустрација. Но, тука немаше нереди. Беа приведени две лица за користење квадрикоптер без претходна најава во полиција. Без ексцеси и провокации се одржаа и протести против корупцијата во Уфа, Барнаул, Иркутск и во многу други градови.

AP

Протести во Санкт-Петербург

AP

Протести во Санкт-Петербург

Московските власти го оценија настанот како „стопроцентна провокација на непристојни луѓе“, кои се обидоа да го уништат празникот и расположението. „Работниот процес е во тек, дејствијата на полицијата се усогласени како часовник. Не постои задача за тотално чистење, но се одвива пунктуална, професионална работа во однос на оние кои продолжуваат да ја провоцираат ситуацијата“, коментираат во одделот за безбедност во Москва. Во штабот на опозицијата зборуваат за повеќе од 200 приведени во главниот град.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Филипп Киркоров

Филипп Киркоров, Shaman, Сергей Жуков, Катя IOWA показали награды и наряды в студии "Авторадио"




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


Анастасия Мыскина

Овечкин, Яковлев, Фридзон и Мыскина сыграли в падел-теннис в Турции: «Победила дружба»



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Сеть клиник «Будь Здоров» запустила собственное мобильное приложение для пациентов



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России