Горбачов одговори на критиката од Путин за договорите со НАТО
„Што се однесува до „грешката“ на Горбачов, во тие услови беше дури и невозможно да се разгледува правно такво прашање“, изјави Горбачов, пренесува „Взгљад“.
Путин: Не знам зошто Елцин ме одбра мене
Тој изјави дека до јули 1991 година постоеја два воено-политички блока – НАТО и Организацијата на Варшавскиот договор, при што земјите-членки на Варшавскиот пакт не го поставија прашањето за ставање на хартија на постојните договори.
„Не ми е јасно од што е предизвикана таквата изјава на претседателот на Русија“, изјави Горбачов, повикувајќи да не се заборава што било направено во тоа време во сферата на меѓународната безбедност.
Горбачов изјави дека проширувањето на НАТО почнало кога тој одамна веќе не бил претседател – тој процес почна најактивно од 2000 година.