Медиуми: Порошенко ќе стигне до Трамп пред Путин
Според дипломатските извори, претседателот на Украина Порошенко наскоро ќе оди во државна посета на Америка во текот на која ќе се сретне со сите клучни личности во таа земја, вклучувајќи го и претседателот на САД Доналд Трамп.
Кремљ: Средба меѓу Путин и Трамп ќе има во Хамбург
Датумот е веќе договорен, посетата ќе биде во јуни, во најскоро време, нагласува изворот.
Друго официјално лице изјави дека посетата е планирана за наредната недела. Се очекува администрацијата на Порошенко официјално да ја најави посетата во најскоро време, пренесува „Европејскаја правда“.
Претходно беше соопштено дека украинските дипломати активно работат на тоа средбата меѓу Порошенко и Трамп да се одржи пред средбата на лидерите на Русија и на САД – за Киев тоа е прашање на принцип. Притоа, како што е познато, засега нема никаков договор за средба меѓу Трамп и Путин во јуни, пренесува „Взгљад“.