Путин му нуди на поранешниот директор на ФБИ Коми политички азил во Русија
„Тој одеднаш кажа дека го снимил разговорот со претседателот (на САД Доналд Трамп), а потоа преку свој пријател им го предал тој разговор на медиумите. Па, тоа звучи многу чудно, кога раководител на специјална служба снима разговор со Врховниот командант, а потоа уште и преку свој пријател им го предава на медиумите“, изјави Путин во текот на „Директната линија“, пренесува РИА „Новости“.
Според шефот на руската држава, со самото тоа Коми по ништо не се разликува од Едвард Сноуден.
Коми: Нема сомнеж во вмешаноста на Русија во американските избори
„Тогаш тој не е на раководител на специјална служба, туку тој е активист кој брани одредена позиција. Патем кажано, ако во овој поглед против него настанат какви било прогони, ние и нему (на Коми) сме подготвени да му дадеме политички азил во Русија. Тој треба да го знае тоа“, додаде рускиот претседател.
Путин притоа потенцираше дека Коми, сведочејќи, не наведе никакви докази за вмешаност на Москва во изборите во САД.
Во четвртокот поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, првпат по неговото отпуштање од функцијата на 9 мај, настапи јавно во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД.