МНР на РФ за идејата на Киев за „хрватска реинтеграција“ на Донбас
Коментарот на рускиот дипломатски ресор беше објавен по изјавата за активирање на групата за соработка со Украина при владата на Хрватска.
Министерството за надворешни работи на Русија ги нарекува таквите потези „контрапродуктивни и несоодветни“.
„Се надеваме дека хрватските партнери ќе ги преориентираат напорите кон целосна поддршка за ригорозно и доследно применување од страна на Киев на своите обврски“ според утврдениот во „Нормандиски формат“ минскиот пакет-мерки, истакнува руското МНР.
Украинскиот премиер сака да го реинтегрира Донбас „по хрватско сценарио“
Се истакнува дека Загреб наместо да повикува на интензивирање на дијалогот во рамките на Минската контакт-група, „претпочита да промовира „домашно одгледани“ паралели структури“.
„Еднострано се презентираат тешките страници на балканската криза од првата половина на 1990-те години, со самото тоа одејќи ѝ во прилог на киевската „партија на војната“, наместо недвосмислено изразување на својата заложба за изнаоѓање на начини за помирување и коегзистенција“, изјавија од МНР на РФ.
Министерството изразува надеж дека во активностите на меѓународната заедница за стабилизирање на ситуацијата во Украина ќе нема место за „двојни стандарди“.
„Само чесен, отворен и координиран пристап кон она што се случува таму, ќе му даде вистинска шанса на воспоставувањето на мирот, безбедноста и нормализирањето на животот на милионите луѓе на југоистокот на земјата“, истакнува руското МНР, пренесува РИА „Новости“.