„Фокс Њуз“: Опасно зближување меѓу руски ловец и американски воен авион
Руски ловец прелетал во близина на американски извидувачки авион над Балтичкото море, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“ повикувајќи се на извори. Се истакнува дека растојанието меѓу авионите изнесувало околу метар и половина.
Еден од изворите изјави дека станува збор за ловец Су-27 кој бил вооружен со ракети. Според него, американскиот авион бил од типот RC-135. Притоа, како што наведува „Фокс Њуз“, „засега е непознато колку блиску се наоѓал до Калининград“.
Објавено видео од пресретнувањето на американскиот бомбардер од Су-27
Однесувањето на рускиот авион е наречено „провокативно“.
Според информациите на телевизијата, „од 2 јуни на подрачјето на Балтичкото море се регистрирани повеќе од 35 таканаречени „интеракции“ меѓу американски и руски авиони и бродови“. Неколку инциденти се случија во текот на поморските маневри „Балтопс“ кои се одржуваат во Балтичкото море од 1 до 18 јуни.
Сепак, како што изјавува еден од американските извори, „овој инцидент е најзабележлив, затоа што војската на САД го смета за „небезбеден“.
Пентагон засега не дава коментари за ситуацијата, пишува РИА „Новости“.