Шојгу: Ситуацијата на границите на Русија се влошува
Ова рускиот министер го изјави во текот на седницата на колегиумот на воениот ресор на Русија.
Руски Су-27 избрка ловец на НАТО од авионот на Шојгу
„Ситуацијата која се формира на нашите западни граници има тенденција на влошување. Ова е поврзано со зголемувањето на воената активност на земјите на НАТО во земјите од Балтикот. Северноатлантската алијанса го зголемува своето присуство во земјите на Балтикот. Се подобрува инфраструктурата на нивните морски пристаништа, аеродромите и другите воени објекти“, изјави Шојгу, пренесува „Рамблер.ру“.
Тој исто така смета дека воената обука на НАТО до руските граници сведочи за немањето желба да се напушти антирускиот курс.