Започна сериското производство на поморската верзија на Панцир
Во Русија започна сериското производство на поморската верзија на противвоздушниот ракетно-топовски систем Панцир – Панцир-МЕ, изјави генералниот директор на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов.
„Проектот на поморскиот противвоздушен ракетно-артилериски систем Панцир-МЕ е завршен. Започна сериското производство на системот“, пренесува Взгљад, цитирајќи го Чемезов.
Тој истакна дека презентацијата на системот Панцир-МЕ ќе биде одржана во Петербург во рамките на Меѓународниот воен морнарички саем 2017 од 28 јуни до 2 јули.
Што е заедничко за Т-14 „Армата“, F-22 Raptor и Т-50
Системот може истовремено да гаѓа до четири цели кои се движат со брзина до илјада метри во секунда. Времето на реагирање на системот Панцир-МЕ е од 3 до 5 секунди. Дострелот на гаѓање е до 20 километри, висината на примената од 2 метри до 15 километри.
Кон средината на септември 2016 година претставник на Министерството за одбрана соопшти дека прелиминарните тестирања на поморскиот систем Панцир-МЕ се успешно завршени.