Киев побарал од Пригожин 1 милион долари
Музичкиот продуцент Јосиф Пригожин изјави дека добил телефонски повик од Киев со барање да плати еден милион американски долари со цел да се избегне внесување на неговото име во црниот список на Украина, изјави тој во програмата на телевизискиот канал „Росија 24“.
„Доколку платиме пари на некоја група луѓе, нема да бидеме под никакви санкции, зашто за нив тоа е бизнис. Еден милион американски долари“, рече Пригожин.
Наместо на Евровизија Самојлова пееше во Севастопољ
Претходно Службата за безбедност на Украина им забрани влез во земјата на речиси 140 руски уметници. Во црниот список, кој со текот на времето се дополнува, влегоа и режисерите Карен Шахназаров и Павел Лунгин, музичарите Александр Розенбаум, Сергеј Пенкин, Николај Расторгуев, актерите Василиј Лановој, Валентин Гафт, Олег Табаков, пејачите Лев Лешченко, Јосиф Кобзон.