МО на РФ размислува за изградба на лесен извидувачки авион
Министерството за одбрана на Руската Федерација го разработува прашањето за изградба на лесен авион за патролирање и наведување, изјави заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Јуриј Борисов за време на посетата на фабриката ПАО „Таганрогски авијатички научно технички комплекс Г.М. Бериев“.
„Мислам дека во врска со ова прашање ќе се посоветуваме со стручњаци од воената индустрија, а мошне е веројатно тој да биде изработен врз основа на лесен транспортен авион. На крајот, веќе постојат слични авиони во светот“, рече Борисов.
Моментално фабриката „Бериев“ го произведува новиот извидувачки авион за патролирање и наведување А-100, пренесува руската агенција ТАСС.