Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2017

Рускиот „Триглав змеј“ го ослободува Дамаск од терористите

0

Јачината на борбите во претходниот период, со честа употреба на оклопната техника и на авијацијата, направи од овој дел на градот руина која може да се види само во апокалиптичните филмови. Буквално секоја зграда беше објект на борбени дејствија. Целиот простор е затрупан со илјадници тони бетон, арматура, искинати кабли и инсталација. Терористите максимално ги искористија овие урнатини за од нив да направат силни огнени точки, како и да извршат масовно попречување на урбаните комуникации со кои се преплетени овие населби, со што сериозно е нарушен просторот за маневар на оклопната техника.

Со цел изолација и ликвидација на терористичките џебови на отпорот, сириската армија користи мешовити борбени групи кои поединечно се состојат од неколку тенкови Т-72М и борбени оклопни возила БМП-2, 1-2 СПАТ ЗСУ-23-4 „Шилка“ и 150-200 војници вооружени со лесно автоматско оружје и со рачни ракетни фрлачи (специјалните сили и доброволната полиција). Забележани се дури и самоодечки хаубици 2с3 „Акација“ со калибар од 152 милиметри кои даваат непосредна огнена поддршка на единиците на земја, односно се користат како класични тенкови.

Извор: youtube.com

Но, структурата на самиот фронт предизвикува ефекти кои доведуваат до тоа мошне мобилните и вешти терористички групи да успеваат некако да се извлечат од огнениот удар на сириските сили, и да избегнат опсада и уништување. Тие користат посебно ископани тунели и коридори во урнатините на градот кои се имуни на огнената моќ на единиците што ги напаѓаат.

Значи, сириските единици кои изведуваат антитерористичка операција мораа некако да ја зголемат огнената моќ на своите офанзивни единици, а исто така и да обезбедат поголем маневарски простор за полесно движење на техниката во зоната на непосредно изведување на акциите. Исто така, големиот број противтенковски и противпешадиски мини, како и импровизираните минско-експлозивни средства (со снајперистите) претставуваат голем проблем за напаѓачите. Процентуално најголем број загуби што ги имале сириските единици се токму последица од употребата на овие средства.

Во последно време во составот на единиците кои изведуваат урбана антитерористичка операција се појави средство кое првобитно е наменето за инженерските eдиници за расчистување на мини. Оваа машина со својот карактеристичен изглед во меѓувреме стана вистински кошмар за терористите, а од почетокот на неговата активна примена сириските сили остварија напредок каков што не бил забележан од почетокот на војната на овој простор. Самата бука на ракетата исфрлена од ова средство која прелетува над нивните глави, како и карактеристичниот звук на детонирачкиот кабел кој фури за време на отплеткувањето и паѓа на земјата, создава огромна паника кај терористичките сили. Покрај психолошкиот ефект врз терористите, ова средство има и исклучително деструктивен потенцијал, кој во зависност од желбата на операторот сотира буквално сè на простор кој има облик на правоаголни со димензии 100 на 20 метри.

УР-77 Метеорит или Змеј Горинич според ликот на триглавиот зол змеј кои исфрла оган и го чува мостот преку кој се минува во царството на мртвите, претставува средство за деминирање на теренот. Конструиран е уште во времето на СССР, а неговото влегување во вооружувањето и сериското производство се започнати во 1978 година. Основната мобилна платформа за интеграција на овој комплекс е составена од гасеници, односно одечки дел позајмен од руската самоодечка хаубица 2Ц1 Гвоздика. Возилото во целост е заштитено за заварен оклоп. УР-77 Метеорит е направен со цел да го замени УР-67 кој се наоѓал во вооружувањето на инженерските единици на Црвената армија.

Виктор Толочко / ТАСС

Комплексот е направен со цел деминирање на терените на непријателските противтенковски мини, кои главно се поставени на главните правци на ударите на оклопно-механизираните единици. Неговата употреба гарантира создавање на безбедна „бреша“ во минското поле во должина од 100-115 метри и ширина од околу 6 метри, што е доволно за безбеден премин на тенковските колони. Освен тоа, ова средство мошне ефикасно може да уништи и посеани противпешадиски мини, создавајќи нешто поширок простор за пробив на единиците (до 14 метри).

Основниот механизам за уништување на поставените мини претставува силен ударен бран, кој го создава експлозивното полнење, односно ракетата УЗП-77 исфрлена од фрлач УР-77. Покрај ракетата, експлозивно полнење има и во специјалниот детонирачки кабел ДКРП-4 кој паѓа нa површината со ракетата. Овој кабел е наполнет со 18-22 експлозивни полнења/секции со тежина од 40 килограми поединечно, направени од високобризантен пластичен експлозив на база на хексоген и алуминиум, а сето тоа заедно создава страшна експлозија со еквивалент од дури 1.000 килограми ТНТ! Ова експлозивно полнење се исфрла со помош на ракетни мотори на цврсто гориво ДМ-70, овозможувајќи ѝ на ракетата да прелета далечина од 200 до 500 метри. Ударниот бран механички дејствува на запалките на поставените мини, по што доаѓа до нивна детонација.

УР-77 Метеорит го опслужува посада од двајца војници: возач и командир-оператер. За време на лансирањето и деминирањето, посадата е во возилото, а може и далечински да активираат експлозија додека се наоѓаат надвор од возилото. Времето на еден циклус на деминирање трае 3-5 минути. Повторно полнење на системот трае околу 30-40 минути.

Пет необични возила на инженерската единица





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Фёдор Шаляпин

«Всю жизнь я зарабатывал пением и… легким аферизмом». Прохор Шаляпин раскрыл источники дохода в шоу «Вкусно с Анфисой Чеховой» на ТВ-3    




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Кирилл Скачков

Скачков и Тайлакова выиграли соревнования по настольному теннису на Играх БРИКС



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России