Порошенко: За корупцијата во Украина е виновен СССР
Ова шефот на украинската држава го изјави во интервју за весникот „Фигаро“.
„Таа (корупцијата) дојде од минатото, од коруптивниот советски систем, кој длабоко се вкорени во општеството и во свеста на секого“, изјави Порошенко.
Порошенко: Украина никогаш нема да се врати во Советскиот Сојуз
Според него, сегашните украински власти постигнале блескави резултати во борбата со корупцијата и во спроведувањето на реформите.
„Да се реформира земјата во војна не е едноставно. Сепак, нам ни успеа да го направиме тоа“, додаде украинскиот претседател.
Претходно беше соопштено дека Американската агенција за меѓународен развој (USAID) издвоила речиси 18 милиони долари за програма за поддршка на организациите кои се занимаваат со борба против корупцијата во Украина, пренесува RT.