„Комерсант“: „Гаспром“ има намера да го напушти турскиот пазар
Групата „Гаспром“ може да ги продаде уделите во Bosphorus gas и Akfel Holding. На тој начин, руската компанија може во целост да си замине од внатрешниот турски пазар, останувајќи како извозник на гас, пишува „Комерсант“ повикувајќи се на извори.
Путин на спојувањето делови на Турски тек во Црното Море
Според нивните информации, „Гаспромбанк“ (ГПБ) го завршува излегувањето од компанијата Promak, која го поседува контролниот удел во двете компании-увозници на руски гас во Турција - Enerco и Avrasya. Promak е заедничко претпријатие на ГПБ и трејдерот Akfel Holding.
Како што смета изданието, заминувањето од пазарот може да ја засили преговарачката позиција на „Гаспром“ во споровите за цените, затоа што компанијата веќе нема да има директна заинтересираност во задржување на рентабилноста на продажниот бизнис.