ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија за уште 6 месеци
Важноста на антируските санкции истекуваше на 31 јули.
„Одлуката е донесена“, изјави за РИА „Новости“ извор во ЕУ кој сакаше да остане анонимен.
Лавров: Обидите да се влијае врз Русија со санкции се илузорни
Москва жали за тоа и истакнува дека ограничувањата не можат да решат ниту една задача која пред себе си ја поставува Европската унија во односите со Русија.
„Веќе повеќе пати независни експерти во земјите на ЕУ со бројки во рацете покажуваа дека од санкциите и нашите контрамерки пред сѐ страда економијата на земјите од ЕУ. Тоа, што се случи уште едно продолжување на санкциите – тоа не може да не предизвика поинакви чувства освен жалење. Повторно агресивното малцинство во ЕУ прави бал“, изјави за новинарите заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков.