Путин: Странските специјални служби ги интензивираа активностите против РФ
Таквите дејствија, според Путин, се преземаат со цел да се одврати развојот на Русија, „да се наметне конфронтација“, пренесува „Взгљад“.
Покрај тоа, шефот на руската држава изјави дека странските специјални служби прават обиди да се вмешаат во внатрешнополитичките и општествените процеси во Русија.
„Во целина, очигледна е растечката активност на странските специјални служби, насочена против Русија и нашите сојузници“, изјави рускиот претседател.
Најпознатите мисии на познатиот генерал од КГБ Јуриј Дроздов
Агентите на странските разузнавачки служби применуваат нови пристапи за прибирање и откривање на информации, вршат сајбер-напади, врбуваат нови агенти, стремејќи се да дознаат податоци за воениот, економскиот и ресурсниот потенцијал на Русија, изјави Путин.
Путин вети дека потенцијалот на разузнавањето, неговите технички и оперативни капацитети ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат.
Според него, не сите земји можат да се пофалат со „таков моќен, таков посебен инструмент како што е нелегалното разузнавање“.
Рускиот претседател во средата го посети седиштето на Службата за надворешно разузнавање на Русија во Москва по повод 95-годишнината од нелегалното разузнавање.