Лавров ја коментираше претстојната средба меѓу Путин и Трамп
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров настапи на „Примаковските читања“ во Москва и во текот на својот говор ја коментираше претстојната средба меѓу Путин и Трамп.
Трамп сака да изработи „општ пристап спрема Русија“
„Особено значење во денешниот свет им се придава на односите меѓу Русија и САД, од кои зависи решението на мноштво меѓународни проблеми – од обезбедување на стратешката стабилност до регулирање на регионалните кризи“, изјави Лавров, пренесува RT.
Притоа тој ја истакна „ненормалната состојба“ на односите меѓу САД и Русија.
„Сметаме дека средбата на нашите претседатели во Хамбург, за која беше соопштено, ќе внесе јасност во прашањето за перспективити на руско-американската соработка“, додаде шефот на руската дипломатија.