Русија го запре плаќањето на придонесот во буџетот на Советот на Европа
„Со оглед на она што се случува, Руската Федерација одлучи да го суспендира плаќањето на својот придонес во Советот на Европа за 2017 година до безусловна обнова во целосен обем на полномоштвата на делегацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација во ПССЕ“, се вели во соопштението Министерството за надворешни работи на Русија, објавено на веб-страницата на ресорот, пренесува „Интерфакс“.
Сè помалку причини за ПССЕ
За ова шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Лавров го извести генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд во текот на телефонскиот разговор во петок.
На делегацијата на Русија во 2014 година ѝ беа одземени во ПССЕ основните ингеренции поради ситуацијата околу Крим и Украина и затоа одби да учествува во работата на седниците на Собранието.