Грчката полиција спречила напад врз турскиот претседател Ердоган
![Грчката полиција спречила напад врз турскиот претседател Ердоган](https://gdb.rferl.org/A1B42941-2465-4626-B59F-C83436B6457A_w800_h450.jpg)
Грчката полиција кон крајот на ноември уапсила деветмина турски левичари кои планирале да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Во извештаите се наведува дека уапсените се припадници на турската комунистичка група Револуционерен народен фронт (ДХКП-Ц) која е прогласена за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили, а која подготвувала напад со ракетни фрлачи, рачни гранати и запаливи бомби.
Групата наводно планирала да стрела врз возилото на Ердоган при неговото движење кон Атина, а оружјето било пронајдено закопано во планина источно од Атина.