Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2017
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Новости за 26.12.2017

Протест со подарување вратоврски за Харадинај во Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Активистите на невладини организации, поддржани и од граѓани, денеска на оградата пред зградата на Владата во Приштина закачија стотици вратоврски и кошули во знак на протест поради зголемувањето на платата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. По апелот на социјалните мрежи биле собрани 214 вратоврски и неколку десетици кошули кои ги закачиле на оградата околу зградата, каде што се наоѓа канцеларијата на Харадинај. До ваквиот протест доаѓа по изјавата на Харадинај дека му требаат пари за вратоврски и кошули... Читать дальше...

Спасени 255 мигранти од Средоземното Море

SlobodnaEvropa.mk 

Два брода ноќеска спасиле 255 мигранти од три брода во Средоземното Море, информираат италијанските власти. Бродовите со мигранти тргнале од Либија пред бурата. Бродот на една невладина организација спасил 134 луѓе, од кои седум деца, и ги префрлил на Сицилија. Воен брод да европската антикриумчарска операција ги спасил патниците од другите два брода. Поради лошото време, криумчарите ја намалиле цената за превоз до Европа на само 400 евра по човек, но во гумените чамци превезуваат премногу луѓе, наведува италијанскиот весник Република.

Влада - Заев и Мицкоски согласни дека опозицијата треба да учествува во реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицијата треба да учествува во реформските процеси, а патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, согласни се премиерот Зоран Заев и новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата. Мицкоски попладнево за првпат како лидер на партија имаше средба со премиерот во Владата. Во владиното соопштение се наведува дека средбата се реализирала низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите биле изразени различни ставови. Читать дальше...



Мицкоски – Вечерва ќе одлучиме дали се враќаме во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе соопшти дали ќе се врати во Собранието или ќе го продолжи бојкотот, по денешната координација со пратеничката група, рече попладнево партискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој рече дека разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, кои, како што вели, нормално се разликуваат. Сепак, не прецизираше што точно се разговарало. Рече дека очекува вакви средби да има и во наредниот период. Одговарајќи на новинарско прашање... Читать дальше...

По помилувањето, Фуџимори бара прошка од Перуанците

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Перу, Алберто Фуџимори, денеска од болница побара прошка за делата што ги направила неговата влада меѓу 1990 и 2000 година, два дена откако беше помилуван од претседателот Педро Пабло Кучински. „Свесен сум дека резултатите на мојата влада од една страна се добро примени, но исто така признавам дека разочарав дел од моите сонародници. Од дното на душата ги молам да ми простат“, наведува 79-годишниот Фуџимори, кој отслужуваше затворска казна од 25 години за корупција и злосторства против човештвото. Читать дальше...

Контроверзен приштински имам повикува да не се слави Нова година

SlobodnaEvropa.mk 

На само неколку дена од новогодишната ноќ, контроверзниот приштински имам Шефќет Красниќи упати апел да не се одбележува, бидејќи тоа било „харам“. Тој и минатата година апелираше до граѓаните да ги бојкотираат новогодишните празници. „Не прославувајте ја Нова година, не грешете со купување, тоа не е бериќет. Што среќа ви носи сечењето елки, немој да ги украсувате вашите домови, новогодишната ноќ е иста како и сите други ноќи“, порача Красниќи во видео порака пред Нова година. Според него,... Читать дальше...

Влада: Иванов упати пораки за понатамошни поделби

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на државата Ѓорге Иванов наместо да постапи државнички денеска кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни поделби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите на градење на едно заедничко општество, соопшти Владата во реакција на годишното обраќање на Иванов во Собранието. Од Владата наведуваат дека претседателот наместо општество за заедништво и обединување во еден историски момент за земјата, се обидел да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот... Читать дальше...

Судот го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“ кој се однесува на изведување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Од судот наведуваат дека оформениот предмет по одобрениот обвинителен акт согласно системот АКМИС ќе биде распореден електронски за понатамошно постапување.



Иванов - УБК е генератор на кризите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов вели дека политичката криза во земјава станува нова нормалност, на која луѓето почнале да се навикнуваат, а како главен виновник и генератор на кризата ја посочи УБК.

Средба меѓу Заев и Мицкоски во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека денеска попладне во 16 часот во Владата ќе има средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Мицковски денеска зборуваше пред Парламентот истакнувајќи дека по средбата со Заев отвори внатрепартиски консултации по што ќе информираат за натамошното делување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавена последната верзија на предлог измените на Законот за медиуми

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја објави последната верзија на Предлог - законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што наведуваат, пред таа да биде дел од владина процедура. Според МИОА последната верзија е резултат заедничка работа на Владата и претставниците на медиумската сфера во Македонија и по добиените коментари на сите заинтересирани страни на Единствениот национален електронски регистар во период од 26 дена. Читать дальше...

Талибанци застрелаа пет лица во централен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанските милитанти убиле пет патници во централната провинција Газни, соопштија авганистанските власти. Провинцискиот совет на Газни Насир Ахмад Факири денеска изјави дека убиствата се случиле доцна синоќа во селото Арзо во близина на провинцискиот главен град Газни. Факири рече дека Талибанците ги запреле патниците и ги убиле оставајќи ги нивните тела на патот. Тој додаде дека идентитетите на жртвите се уште не се познати. Тие патувале до источната провинција Пактика. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.

Ќе се формира тело за спречување на корупцијата на универзитетите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за образование го објави предлог-законот за високо образование и очекува реакции од професорите и од студентите до 6 јануари. Сепак, засегнатите се жалат на краткиот рок за сугестии и коментари во време на новогодишните и божиќни празници. За прв пат во законот се предвидува формирање тело за спречување на корупцијата.

Иванов: Потребно е помирување во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во своето годишно обраќање во Собранието зборуваше за политичката криза во земјата, случувањата од 27 април, за неопходните реформи, геополитичките случувања, илегалната миграција и сајбервојувањето, за односите со седите на Македонија, прашањето за името, проблемите со загадувањето, состојбата во медиумите, законот за јазиците и за други прашања. Иванов зборувајќи за случувањата во земјата истакна дека во Македонија мора да се врати културата... Читать дальше...

Саакашвили на сослушување во службата за безбедност на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на украинското движење „Партија на нови сили“ и поранешен претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, е повикан на сослушување во главната дирекција на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Тој денеска треба да се сретне со главниот истражител во Киев. Адвокатот на Саакашвили изјави дека тој планира да се појави на сослушувањето. Во пресрет на сослушувањето Саакашвили изрази загрижување дека украинските власти се обидуваат да негираат статусот на привремена заштита и да создадат услови за негово протерување од земјата. Читать дальше...

Груевски: Судиите имаат двојни аршини

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска пред Кривичниот суд изјави дека судиите различно постапуваат во случаите што се водат против него и против премиерот Зоран Заев. „Денешното рочиште се одложи и како што може да се види во случајот на Заев судиите му се извинуваат што го малтретираат да дојде на рочиште и ги закажуваат рочиштата на многу долги периоди, во овој случај имаме различна ситуација“, вели Груевски. Тој изјави дека прво биле измислени причини за истраги, а потоа и обвиненија без било каква основа. Читать дальше...

Русија воспоставува постојано присуство во базите во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија започнала да воспоставува постојано присуство на сили на нејзините две воени бази во Сирија: руската поморска база во Тартус и во воздушната база во Латакија. Шојгу денеска рече дека рускиот претседател Владимир Путин минатата недела „ја одобрил структурата и персоналот“ и оти Русија започнала да формира постојана група на сили. Во меѓувреме, рускиот Совет на федерацијата денеска го одобри законот меѓу Москва и Владата на сирискиот претседател... Читать дальше...

Одложено судењето за предметот на СЈО „Траекторија“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот на СЈО „Траекторија“ е одложено за 31 јануари следната година, поради тоа што еден од судијките е прераспределена на други предмети во одделот за прекршоци. Во предметот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Груевски на рочиштето дојде со задоцнување. Во предметот „Траекторија“... Читать дальше...


Музыкальные новости
Кажетта Ахметжанова

Мистический Тибет: путеводитель по местам силы от Кажетты Ахметжановой





Rss.plus
Галина Янко

Июньские дни духовности: Православные праздники месяца от ясновидящей Галины Янко




У самолета рейса Уфа – Новый Уренгой отказала автоматика

Муфтий Москвы заявил о риске появления напряженности в обществе при запрете ношения никаба в РФ

Подмосковное УФАС оштрафовало ООО «Любо» за нарушение закона о рекламе

В московском парке нашли мёртвого ребёнка




На Македонија и требаат реформи, а не партиски калкулации

SlobodnaEvropa.mk 

Партиите се насочени кон своите партиски агенди додека од земјата се очекува да ги исполни реформите од евроинтегративната агенда. Не е време за калкулации и декларативност, порачуваат аналитичари.

Тачи: Специјалниот суд е историска неправда спрема Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово Хашим Тачи синоќа оцени дека формирањето Специјален суд за претпоставени злосторства на поранешни бивши високи офицери на Ослободителната војска на Косово е историска неправда спрема Косово и ОВК. Тој во интервју за телевизијата Клан Косова додаде дека не смета оти погрешил кога пред година ипол прифатил формирање на судот, бидејќи тоа го сторил под принуда на меѓународната заедница која се заканила дека ќе преземе драстични мерки против Косово.

Блиска средба меѓу британски и руски воени бродови

SlobodnaEvropa.mk 

Британската морнарица соопшти дека следела руски воен брод во близина на британските територијални води во Северно море. Соопштено е дека станува збор за рускиот брод „Адмирал Горшков“. Русија досега не го коментирала настанот. Официјален Лондон неодамна оцени дека е зголемен бројот на руски бродови кои транзитираат низ британските води. Британскиот секретар за одбрана Гевин Вилијамсон по вчерашниот инцидент изјави дека Британија нема да толерира никаква форма на агресија.

Вучиќ: со Путин разговоравме за сите важни теми за Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин во Москва разговарал во четири очи за сите важни теми за Србија. „Разговаравме за ситуацијата во регионот и за она што можеме да направиме за зачувување на мирот и стабилноста“. Запрашан во врска со притисоците од Запад во односите спрема Русија, Вучиќ, меѓу другото изјави дека тој и премиерката Ана Брнабиќ водат сметка за интересите на Србија, а не на „некоја странска сила, Америка, Русија или кој и да е друг“.

Таравари: Ќе бидеме позитивни опозиционери

SlobodnaEvropa.mk 

„Алијансата за Албанците ќе остане конструктивна и по излегувањето од Владата ќе гласа за сите закони кои се важни за интеграциите на државата во Европската унија и НАТО, за општеството и за граѓаните“. Ова го изјави генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари за Телма. По најавата на лидерот на неговата партија Зијадин Села дека остануваат во владината коалиција до донесување на законот за употреба на јазиците, Таравари кажа дека во Владата влегле со кренати глави и оти сакаат да излезат повторно горди. Читать дальше...

Ирачки христијани на прв Божиќ дома по Исламската држава

SlobodnaEvropa.mk 

Во новоотворената Црква Свети Ѓорѓи во ирачкиот град Телескоф, христијаните ги прославија своите божичќни традиции за првпат по три години, Овој град беше под милитантите на Исламската држава кои насилно ја расселија тамошната христијанска заедница.



Москва

Lipatov Sound заявил о выходе нового трека “Red City”


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Юлия Савичева

«Прыгала, как сумасшедшая»: Юлия Савичева рассказала об исполнении давней мечты в шоу «УТРО. ТНТ»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»


ATP

Теннисиста Медведева выбили из топ-4 ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Москвичам посоветовали быть внимательнее на дороге из-за тумана



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России