Поништен конкурсот за јавни обвинители поради фалсификувани сертификати
Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ донесе одлука за поништување на јавниот оглас за прием на 60 слушатели на почетна обука за јавни обвинители објавен во Службен весник и во други дневни весници на 30.08.2016 година, соопшти Академијата на нејзината веб страница.
Оттаму наведуваат дека огласот е поништен бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од страна на Основното јавно обвинителство за кривично дело „фалсификување исправа“, која се уште е во тек. Овие кандидати на огласот конкурирале со фалсификат сертификати за англиски јазик.