Макрон: војната против ИД во Сирија ќе заврши до крајот на февруари
![Макрон: војната против ИД во Сирија ќе заврши до крајот на февруари](https://gdb.rferl.org/CB50B449-7FF8-46EB-B060-C6EC70BE81E1_w800_h450.jpg)
Претседателот на Франција Емануел Макрон синоќа оцени дека војната против џихадистите на Исламската држава во Сирија ќе заврши до крајот на февруари по што ќе следуваат разговори со сирискиот претседател Башар ал Асад. „Асад е непријател на сирискиот народ. Мој непријател е Исламската држава“, рече Макрон во интервју за телевизијата „Франс 2“, додавајќи дека Асад останал на власт досега, бидејќи на теренот го штителе оние земји кои исто така победиле во војната против Исламската држава. Во граѓанската војна во Сирија од март 2011 досега загинаа над 340 илјади луѓе, додека неколку милиони побегнаа од земјата.