Жолт автомобил плови по Вардар
Жолто возило од марката Нисан Јуке плови по водите на реката Вардар. Возилото се наоѓа меѓу Камениот мост и мостот Око. Пожарникарите се наоѓаат на местото на настанот и ќе се обидат да го извлечат автомобилот од водата. Се уште не се знае дали има повредени патници од возилото, на местото присутна е и амбулантна кола. Непознато е и како се нашол автомобилот во Вардар.