Заев на средба со Сијарто за евроинтеграциите на Македонија
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на денешната средба со премиерот Зоран Заев истакнал дека неговата земја ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, кои, според него, се важни за безбедноста и развојот на целиот Западен Балкан. Заев посочил дека очекува 2018 година да биде значајна за Македонија, во евроинтеграциите преку добивање датум за преговори, како и покана за НАТО. На средбата присуствувале и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, станало збор за унапредувањето на економската соработка меѓу Македонија и Унгарија, преку инвестиции во енергетиката, животната средина, банкарството.